Борел: Не може НАТО да зависи од расположението на американскиот претседател
НАТО не може да зависи од расположението на американскиот претседател, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, одговарајќи на изјавите на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп.
„Ќе бидам саркастичен, во таа кампања ќе слушнеме и видиме многу работи. Да бидеме сериозни, НАТО не може да биде воен сојуз „по избор“ ниту да зависи од расположението на американскиот претседател“, рече Борел.
„Не може еден ден да биде „да“, а друг ден „извинете, кој бевте вие“. Да бидеме сериозни. НАТО или постои или не. Нема да губам време коментирајќи ја секоја глупава идеја што може да се слушне во оваа кампања“, рече Борел, мислејќи на кампањата за претседателските избори во САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес ја погоди Албанија
Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…
Светот може да здивне: Иран официјално објави…
Денес, во порака до нацијата, претседателот на…
Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински
Директорот на Службата за општи и заеднички…
Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…