Борел: Погрешни се идеите дека Украина не може да победи

t

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, смета дека идеите за помирување меѓу Русија и Украина се погрешни. Дипломатот го искажа своето гледиште во колумна за францускиот магазин „Лобс“.


„Повторно слушаме дека Украина не може да победи и дека поддршката од Западот нема да трае. Повторно се појавуваат искушенија поврзани со помирувањето. Тие идеи беа погрешни во 2022 година и остануваат погрешни и денес. Не треба да им дозволиме да ја одредуваат нашата политика во однос на Украина“, рече Борел.
Според него, ретко кој „сериозно може да поверува“ дека Русија „бара компромис“ во сегашната ситуација.


„Наместо да се стремиме кон помирување, треба да се потсетиме на лекциите што ги научивме во 2022 година за да избегнеме повторување на нашите грешки и да ги удвоиме нашите напори во областите каде што постигнавме успех“, пишува Борел.
Тој, исто така, тврди дека конфликтот во Украина го „зајакнал трансатлантското единство“. Борел истакна дека ЕУ досега и обезбедила на Украина поддршка во вредност од околу 30 милијарди евра и обучила речиси 40.000 украински војници на територијата на заедницата.
Москва претходно неколку пати изјави дека е подготвена за преговори, но Киев воведе законска забрана за нив. Западот постојано ја кани Русија на преговори, за што Москва покажува подготвеност, но во исто време Западот ги игнорира постојаните одбивања на Киев да се вклучи во дијалог.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Белгискиот министер за одбрана: Европа ја чека…

Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен предупреди…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…