Борел предупредува: На повидок е војна во Европа, ова не е мала работа
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел изјави дека војната во Европа е на повидок.
„Замисливме дека сме во свет со круг на пријатели по падот на Берлинскиот ѕид, а тоа беше заменето со огнен прстен меѓу нас, нестабилност од Сахел до Блискиот Исток, Кавказ и Балтикот, да не гледам подлабоко во Африка. Огнен прстен околу нас“, рече Борел за време на Форумот „Нова економија“ во Мадрид.
Тој истакна дека ова е сега многу важен момент во изградбата на Европа бидејќи војната е на хоризонтот и дека тоа не е мала работа.
Според него, најдобар начин за зајакнување на НАТО е зголемување на европските одбранбени капацитети.
„ЕУ нема да има заедничка армија во догледна иднина, а одбраната ќе остане одговорност на членките“, истакна Борел.
Тој предупреди дека можноста за конвенционална војна со висок интензитет во Европа „веќе не е фантазија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…
Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…
Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…