Борел предупредува: Поради Украина ќе видиме провокации во Босна и Херцеговина

t

„Поради опасноста последиците од украинската криза да се прелеат и на другите земји од соседството на Русија, Европската Унија мора да им помогне на Молдавија и Грузија и внимателно да го разгледаат Западен Балкан, бидејќи таму ќе видиме провокации, особено во Босна и Херцеговина“, рече високиот претставник на ЕУ Џозеф Борел.

Тој, според медиумите во регионот, ова го изјавил по состанокот на министрите за надворешни работи на Унијата кои воведоа остри санкции кон Русија поради воениот упад во Украина.

Европските дипломатски претставници, исто така, им кажале на новинарите дека одлуката за зголемување на трупите во мисијата на ЕУ „Алтеа“ во Босна и Херцеговина и посилната посветеност на Западен Балкан е одговор на влошената безбедност во поголем обем не само поради Украина, туку и поради руското влијание во Босна како и Црна Гора и Србија, пишуваат медиумите.

Во исто време, очигледно со намера да ја нагласи подготвеноста за поддршка на Западен Балкан, Европската комисија повтори дека ќе помогне за закрепнување на регионот преку инвестициски пакет од 3,2 милијарди евра, објавен од октомври 2020 година.

И германскиот медиум „Дојче веле“ со видливо внимание ја пренесува анализата на австрискиот весник „Стандард“ во која се наведува дека рускиот напад врз Украина доведе до преземање мерки на претпазливост и во Југоисточна Европа.

Во анализата се истакнува објаснувањето на европската воена мисија ЕУФОР во БиХ дека одлуката за испраќање дополнителни 500 војници во Босна е поради влошувањето на меѓународната безбедносна ситуација, што потенцијално може да доведе до нестабилност во Босна и Херцеговина.

„Стандард“ посочува дека „зајакнувањето на војниците пред сè треба да ја објави решеноста за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на БиХ, а трупите стационирани во Брчко би можеле да ја одложат или спречат окупацијата (отцепувањето) на целата територија на Република Српска“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Украина ќе ја изгуби војната против…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…

Шефовите на дипломатиите на Британија и Франција:…

Министрите за надворешни работи на Велика Британија…

Јужна Кореа најави парична помош за Украина,…

Јужна Кореја ќе и обезбеди на Украина…

Косово ќе испрати два пакети воена помош…

Косовскиот министер за одбрана Ејуп Маќедонци денеска…

Грција ќе и ги даде на Украина…

Грција нема да ги пренесе во Украина…