Борел: Русија варварски ја напаѓа Одеса!
„Жалам што градот Одеса е во фокусот на вестите, не поради неговата убавина и историско значење, туку затоа што е цел на руски напади со ракети и дронови“ , вели шефот за надворешна политика на Европската унија (ЕУ), Жозеп Борел, кој денеска го посети украинскиот пристанишен град Одеса на Црното Море.
Одеса спреод Борел е прекрасен историски град и според него би требало да биде на насловните страници поради неговата енергична култура и дух. „Наместо тоа, во вестите е поради тоа што е честа цел на војната на Путин“, сподели Борел на платформата X, поранешен Твитер.
„Бев сведок на последиците од оваа војна, како Украина и Одеса плаќаат висока цена за тоа“, рече тој во видеото објавено на X.
„Ова е добар пример за тоа како Русија се обидува да ја уништи Украина“, додаде тој, посочувајќи на оштетените ѕидови внатре во катедралата „Преображение Господово“.
Додека ја обиколуваше катедралата, Борел го нарече рускиот напад врз градот „варварски“.
Стариот кварт на Одеса и историската катедрала „Преображение Господово“ беа тешко оштетени од руското бомбардирање во јули.
Пристанишната инфраструктура, која е клучна за извозот на жито во Украина, исто така е погодена во неодамнешните напади.
Борел истакна дека помина една година од руската нелегална анексија на регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон. Тој ја спомена и нелегалната анексија на Крим во 2014 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски ракетни напади врз Запорожје и Одеса
Руските сили изутринава извршија ракетни напади врз…
Највисокиот дипломат на ЕУ го критикува Израел…
Западен Ерусалим покажа „ужасен недостаток на дистинкција“…
Катар: Израел и „Хамас“ се сè поблиску…
Можен договор меѓу Израел и Хамас, тврди…
Борел: Мора да изградиме држава за Палестинците
На денешното заседание на Советот за надворешни…
Борел: Нема на повидок победа на Украина…
Имаме многу проблеми кои ќе бидат тест…