Борел: Русија варварски ја напаѓа Одеса!

t

„Жалам што градот Одеса е во фокусот на вестите, не поради неговата убавина и историско значење, туку затоа што е цел на руски напади со ракети и дронови“ , вели шефот за надворешна политика на Европската унија (ЕУ), Жозеп Борел, кој денеска го посети украинскиот пристанишен град Одеса на Црното Море.

Одеса спреод Борел е прекрасен историски град и според него би требало да биде на насловните страници поради неговата енергична култура и дух. „Наместо тоа, во вестите е поради тоа што е честа цел на војната на Путин“, сподели Борел на платформата X, поранешен Твитер.

„Бев сведок на последиците од оваа војна, како Украина и Одеса плаќаат висока цена за тоа“, рече тој во видеото објавено на X.

„Ова е добар пример за тоа како Русија се обидува да ја уништи Украина“, додаде тој, посочувајќи на оштетените ѕидови внатре во катедралата „Преображение Господово“.

Додека ја обиколуваше катедралата, Борел го нарече рускиот напад врз градот „варварски“.

Стариот кварт на Одеса и историската катедрала „Преображение Господово“ беа тешко оштетени од руското бомбардирање во јули.

Пристанишната инфраструктура, која е клучна за извозот на жито во Украина, исто така е погодена во неодамнешните напади.

Борел истакна дека помина една година од руската нелегална анексија на регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон. Тој ја спомена и нелегалната анексија на Крим во 2014 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски напад во Одеса: Оштетено породилиште во…

Руските сили нападнаа цивилна инфраструктура во јужната…

Три лица загинаа во рускиот напад на…

Синоќа, Русија ја нападна Одеса со дронови…

По руските напади, десетици градови и села…

Десетици градови и села во јужниот украински…

Повеќе од 29.000 корисници останаа без струја…

Нападот на руските сили врз Одеса синоќа,…

Најмалку две ве лица загинаа во руските…

Две лица загинаа во руските напади, а…