Борел: Сакаме војната во Украина да заврши што е можно поскоро
Сакаме војната во Украина да заврши што е можно поскоро, но важно е како, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел во говорот пред европратениците во Брисел за време на дебатата посветена на реизборот на Доналд Трамп како претседател на САД.
„Потребно е трајно и праведно решение за војната во Украина. Не треба да се дозволи договор меѓу Вашингтон и Москва кој не ги зема предвид ставовите на Киев и ЕУ. Украина би ја отфрлила таквата одлука и ние мора да го сториме истото“, повика Борел.
Според него, ЕУ и дава на Украина поголема поддршка од САД, но во однос на воените набавки, САД водат со удел од 25 отсто, а ЕУ можеби ќе треба да ја пополни таа празнина откако Трамп ќе ја преземе функцијата.
Според Борел, тоа би значело дополнителни финансиски и производствени напори на европска страна.
„Загрижени сме дали испораката на американската воена помош ќе подлежи на услови во иднина. ЕУ мора да ги исполни своите ветувања на Украинците и да им помогне да се одбранат“, истакна Борел.
Според него, реизборот на Трамп покажува длабоки политички промени во САД и ќе ги преобликува односите со ЕУ. „Треба да бидеме подготвени, внимателни и да не оставаме впечаток дека сме затечени, не смееме да се плашиме“, порача тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…