Борел со навреди за Русија: „Тие се како бензинска пумпа ЧИЈ ГАЗДА ИМА АТОМСКА БОМБА“
Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел изјави дека Русија е економско џуџе и ја спореди со бензинска пумпа.
„Кина е вистински геополитички играч, додека во исто време Русија е економско џуџе. Таа наликува на бензинска пумпа чиј сопственик поседува атомска бомба“, вели Борел во интервју за шпанскиот весник „Паис“.
– Русија е економско џуџе, таа е како бензинска пумпа чиј сопственик има атомска бомба“, изјави Борел.
Сепак, дипломатот тврди дека Русија претставува закана за безбедноста на ЕУ, посочувајќи на конфликтот меѓу Русија и Украина, кој според него е практично „на границата на ЕУ“.
Во 2014 година, покојниот американски сенатор Џон Мекејн рече дека Русија е „бензинска пумпа која се маскира како држава“, велејќи дека владата е малку повеќе од извозник на енергија.
Летово, говорејќи на Меѓународниот економски форум во Св. Петербург, рускиот претседател Владимир Путин рече дека земјата успеала во голема мера да ја намали зависноста од енергетските приходи оваа година, истакнувајќи дека тоа се должи на силниот развој на трговскиот и услужниот сектор.
Рускиот премиер Михаил Мишустин неодамна изјави дека руската економија бележи постојан раст, како и дека интересот за руската економија се зголемува без оглед на обидите на противниците да ја изолираат од глобалните производни синџири, логистичките патишта и финансиските системи.
Според Борел, откажувањето од воената помош за Украина нема да доведе до мир. „Не верувам дека откажувањето од воената помош за Украина ќе доведе до мир“, рече Борел.
Тој, исто така, додаде дека Европа прави се што може за да дојде до мировни преговори кои ќе препознаат дека има агресор и жртва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кога имате ситуација директор на АНБ фалсификатор,…
Лојалност– награда – глупост Можеби ви изгледа…
Иранска опозиционерка: Време е Хамнеи да си…
Марјам Раџави, претседателка на опозицискиот Национален совет…
Стармер: Иран да се врати на преговарачка…
Британскиот премиер Кир Стармер го повикува Иран…
Македонска амбасада во Израел: Затворен аеродромот во…
Од македонската амбасада во Израел информираат дека…
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…