Борел: Целта на новите санкции е да се уништи руската воена машинерија

t

Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, денеска објави дека ЕУ, со новиот, 10-ти пакет санкции против Русија, вклучи повеќе од 120 физички и правни лица и воведе значителни ограничувања за увоз и извоз со цел да се уништи „руската воена машина“.

„Со нашата листа ги таргетираме одговорните за депортацијата и принудното посвојување на најмалку 6.000 украински деца. Ова е јасно кршење на меѓународното право, вклучително и Женевската конвенција, како што кажав вчера во Советот за безбедност на ОН“, додаде високиот претставник на ЕУ, јави Танјуг.

Шведското претседателство со ЕУ вчера објави дека Европската унија го усвоила десеттиот пакет санкции против Русија и дека Брисел ќе ја поддржува Украина „колку што е потребно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија со пониска инфлација од просекот на…

Годишната инфлација во Европската Унија во септември…

ЕУ бара Канада и Велика Британија да…

Европската Унија се подготвува да ги убеди…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…