Борел ја предупредува ЕУ: Сфатете ги сериозно руските закани!

t

Европската унија треба сериозно да ја сфати можноста Русија да користи нуклеарно оружје, изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

„Кога луѓето велат дека не блефираат, нивните зборови треба да се сфатат сериозно. Сега е дефинитивно опасен момент“, рече Борел, коментирајќи ја неодамнешната изјава на рускиот претседател Владимир Путин.

Според него, европските земји треба да продолжат да ја поддржуваат Украина, вклучително и со оружје, и не треба да ја запрат политиката на антируски санкции.

„Сите што отидоа во Москва, кои го посетија Кремљ за да разговараат со Путин, го добија истиот одговор од него: „Имам воени цели и додека не се постигнат ќе продолжам со борбените операции“. Тоа е секако загрижувачки курс, но треба да продолжиме да ја поддржуваме Украина“, изјави шефот на европската дипломатија.

Борел смета дека конфликтот треба да се реши со „дипломатски средства“, но на начин „да се зачуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

ФАЦ: ЕУ има сериозни пропусти во одбраната…

Европската унија треба да биде „подготвена за…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Фон дер Лајен: Време е за Европска…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…