Борел: Ќе побарам од лидерите на ЕУ силна поддршка за предлогот за Косово „што е на маса“
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел изјави дека на денешниот самит ќе побара од лидерите на ЕУ силна поддршка за предлогот за решение на косовското прашање „што е на маса“.
„Ќе побарам од лидерите силна поддршка за да се избегне каква било ескалација и ќе побарам од нив сериозно да работат на овој предлог, што е единствениот начин да се обидеме да ги решиме и нормализираме односите меѓу Косово и Србија“, изјави Борел пред средбата во Брисел.
Тој рече дека ќе ги извести лидерите на ЕУ за состојбите во дијалогот меѓу Приштина и Белград, последните случувања и последните контакти, пренесе Бета.
„Предлогот е на маса. Ги поканувам двајцата лидери (на Србија и на Косово) повторно да дојдат во Брисел – наскоро, за неколку недели – со цел дефинитивно да го протуркаат тој предлог“, рече Борел.
Оценувајќи дека „се оди од криза во криза“, Жозеп Борел нагласи дека „сега е време за деескалација и конструктивна работа“. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МФ: Намалени царинските стапки на 67 стоки…
Собранието денеска ги усвои измените на Законот…
НАД 216 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ ИМААТ БУГАРСКИ ПАСОШИ!
Над 216 илјади пасоши, односно бугарски државјанства…
(Видео) Страшни пожари беснеат на грчкиот остров…
Вонредна состојба беше прогласена на третиот ден…
Османи: Извештајот на Вајц бара да се…
За опозициската партија ДУИ, извештајот на известувачот…
Филипче: Шамарот за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените европски…
Добро е што се усвои извештајот, но…