Борисов: Албанија оди напред, го прифати бугарското малцинство
Бугарија и Република Македонија потпишаа Договор за добрососедство, кој е вклучен во планот за проширување и никој не може да отстапи од него, изјавил претседателот на тамошната собраниска комисија и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов, коментирајќи ја одлуката на постојаните претставници во Европската унија (ЕУ), донесена на состанокот на 25 септември, за одвојување на Албанија од Македонија на патот кон членство во ЕУ.
Лидерот на ГЕРБ ја советувал Бугарија да биде умерена во ова прашање и без чувство на одмазда.
„Затоа што тактиката на нашите колеги во Македонија е ние да бидеме виновниците. Имаме Договор за добрососедство кој е вметнат во Планот за проширување и никој не може да отстапи од него. Така функционираат европските институции. Резултатот е дека Албанија оди напред, го прифати бугарското малцинство, а нашите колеги во Македонија мора да го издржат или толерираат она што нивното однесување им го создаде досега“, рекол Борисов.
На денешната седница на Комисијата за надворешна политика се очекува да се разговара за Предлог-декларација во врска со, како што пишуваат бугарските медиуми, „систематското и методично уништување на дијалогот меѓу РСМ и Република Бугарија и провокативните и навредливи изјави кон Бугарија од страна на владејачките политички фактори во Република Македонија“.
Според Борисов, Бугарија не го нарушува добриот тон – побарана е само оставка од вицепремиерот Александар Николоски, што, за него, е нешто многу нормално.
„Ние како држава мора да се исправиме и да не бидеме во тонот на еден министер. Сакам да го уверам бугарскиот народ дека за се што направивме во Европската народна партија, во Европскиот совет, во Европската комисија сме многу добро слушнати“, додал Борисов во изјава за бугарските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…
Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…
Италија планира да ги казнува возачите кои…
Италија набрзо би можела да ги санкционира…
Мирен протест против насилството по убиството на…
Мирен протест се одржува вечерва во паркот…
Хакиран мејлот на министерот за здравство на…
Необична честитка за неговиот роденден добил министерот…
Димитриевски: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема…
Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша…