Објавено на:

Борисов нема да биде старо-нов премиер на Бугарија

t

Борисов денеска откри дека нема да биде кандидат за премиер во бугарската влада.

„Половина од моите заменици во парламентот се министри. Значи за 10 минути можам да го напишам составот на кабинетот. Но, јас нема да бидам предлогот за премиер. Сум бил три пати – како што велат: трипати за среќа, изјави Борисов.

„Она што го видов вчера во парламентот – оваа омраза меѓу другите партии потсетуваше на она што беше демонстрирано против нас пред две години. Оваа омраза што маршира во моментов нема да не одведе никаде. Повикувам на повеќе трпение и внимание. Бидете можноста да се прости заради нешто поголемо, поважно е доблест, според мене. Омразата е најлесната“, изјави и лидерот на ГЕРБ.

Борисов потенцира дека времето за предизборен муабет е завршено и време е за компромиси од страна на оние кои ја „сакаат државата“. Ќе трпиме и загуби и критики, но нашите постапки ќе бидат во корист на државата“, истакна Борисов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…

Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…

Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…

Во официјалниот регистар на помилувања што го…

Урсула фон дер Лајен следната недела во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…

Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…

Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…

Дијалогот што во моментов се води во…