Борисов: Ќе биде катастрофа за државата ако не се формира владејачко мнозинство
Денеска е лесно, од утре ќе биде тешко, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов по гласањето во софиската населба Банките, на денешните вонредни парламентарни избори во Бугарија, петти во последните две години, пренесе БТА.
Тешко ќе биде утре и задутре со оваа галопирачка инфлација, цени, огромни долгови, објасни тој.
Борисов изјави дека на денешното изјаснување очекува поголема излезност на гласачите, но, како што нагласи, од тоа што го гледа досега ќе треба многу мудрост од политичарите. Изборите, според него, се единствениот излез од кризата. Борисов е убеден дека мора да има влада „ако не сакаме како народ да се самоубиеме“.
Според него, катастрофа за државата ќе биде доколку не може да се формира владејачко мнозинство. Затоа, тој е подготвен на компромис, пренесе БТА.
Според лидерот на ГЕРБ, прво мора да се формира силна коалиција, па затоа, пред да се формира Влада, не може да се разговара за никакви приоритети. Борисов потврди дека ќе биде пратеник додека се водат преговорите за кабинет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…
И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…
Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…
(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…
Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…
(Видео) Голем протест во Софија по хибридните…
Стотици луѓе протестираа во четвртокот вечерта во…