Објавено на:

Борис Џонсон смета дека Путин го убил Пригожин

t

Рускиот претседател Владимир Путин „мора да го убил“ шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави поранешниот британски премиер Борис Џонсон, додавајќи дека не може да има мировни преговори со Путин за Украина, пренесува Си-Ен-Ен. Џонсон шпекулираше во авторски текст за Дејли Мејл за последните моменти на Пригожин, само неколку дена откако авионот за кој се верува дека го превезуваше шефот на Вагнер се урна во поле северозападно од Москва на пат за Санкт Петербург.

Сè уште не е јасно што ја предизвикало падот на авионот, но американските и западните разузнавачи за Си-Ен-Ен изјавиле дека тоа било намерно.

„Не можеше да поминат повеќе од неколку секунди помеѓу експлозијата во инаку сигурен авион Embraer Legacy 600 и моментот кога рускиот силеџија се онесвести при неговото вртоглаво забрзување кон земјата“. А сепак во тој момент сигурен сум дека знаеше со совршена јасност што се случи“, напиша Џонсон.

Тој понатаму рече дека човекот „зад атентатот на Пригожин“ бил „истиот човек кој, на пример, го одобрил труењето на Александар Литвиненко и Сергеј Скрипал во Обединетото Кралство“.

Авионската несреќа во која наводно загина Пригожин се случи точно два месеци откако шефот на Вагнер започна краткотраен бунт во Русија.

Кремљ во петокот соопшти дека сите неопходни тестови, вклучително и генетско тестирање, се во тек за да се утврди дали Пригожин загинал во несреќата во средата. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков силно ги негираше тврдењата дека руските власти можеби биле вмешани.

„Сето ова е апсолутна лага“, рече тој.

Во четвртокот, Путин рече дека го познава Пригожин „многу долго време“ и го нарече „талентиран човек, талентиран бизнисмен“.

„Додека ги гледаме застрашувачките снимки од тој авион како паѓа на земјата, ние сме сведоци на нешто историско. Ова е насилна ликвидација на неговите непријатели од шотеф на државата. Не можам да се сетам на друг пример на такво наметливо и незауздано дивјаштво од страна на светски лидер – не во нашите животи“, напиша Џонсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…

Путин: Најверојатно Американците го разнесоа гасоводот „Северен…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…