Борис Џонсон ја спореди Украина со Босна: Нападот во Харков е како тој во Сараево во деведесеттите
Британскиот премиер Борис Џонсон вели дека е „апсолутно згрозен“ од нападите врз цивилни цели кои последниве денови засилено ги вршат руските трупи во Украина.
Бомбардирањето на украинскиот град Харков од руските сили е злосторство слично на нападите врз Сараево од страна на Србите во 1990 години, изјави британскиот премиер Борис Џонсон, додавајќи дека таквите напади го обединуваат светот против Русија.
Коментирајќи го руското бомбардирање на цивилни објекти во Харков, во кое загинаа најмалку 10 луѓе, Џонсон рече дека „апсолутно згрозен“.
„Тоа ме потсетува, доколку се сеќавате, на гранатирањето на пазарот во Сараево од страна на Србите, на бомбардирањето на недолжни луѓе во Босна. За мене тоа е намерно сторено злосторство против цивилни објекти“, рече Џонсон на прес-конференција во Естонија.
„Мислам дека на луѓето им се превртуваат стомаците поради ова што се случува и гледаат дека е неопходно да се спротивстават на руската агресија и да ги поддржат Украинците“.
Индиското Министерство за надворешни работи соопшти дека меѓу загинатите во денешните руски напади врз Харков загинал и еден индиски студент.
Во вторникот, зградата на локалната администрација во Харков беше погодена од руска граната.
Извор: Дојче Веле
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерц откри кој би можеч да ја…
Пет земји би можеле да ја претставуваат…
Тинејџер уби човек по групна тепачка пред…
Маж на 32-годишна возраст ноќеска бил убиен…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
„Киев Пост“: Украина го одбила американскиот план…
Украина го отфрли американскиот предлог за прекројување…