Објавено на:

Борко Ристовски станува дел од раководството на Вардар

t

Најистакнатиот голман на македонската ракометна репрезентација и член на РК Вардар, Борко Ристовски, донел одлука да се збогува со активно играње ракомет, но и понатаму да остане дел од црвено-црното семејство.

Ристовски решил официјално да стави крај на долгата и богата кариера, сепак ниту тој ќе остане без ракомет, ниту ракометот ќе остане без него. Спорт1 дознава дека на обострано задоволство, со првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски, се договориле Борко да остане во клубот, како дел од раководната структура.

Оваа информација би требало да биде официјализирана задутре, на прес-конференција на Вардар, каде што ќе бидат претставени и останатите засилувања и ќе бидат споделени плановите на клубот за претстојната сезона.

Вардар доби дозвола од ЕХФ да се врати на евро-конкуренциите, по една сезона пауза, па ќе почне од квалификациското коло во Европската лига. Со цел што подостојно враќање во Европа, наспроти заминувањата од тимот, клубот веќе договори неколку странски засилувања како Стефан Петриќ, Косуке Јашухира, Матија Николиќ, Марко Срдановиќ, Нилтон Мело и Ансер Родригез.

Ристовски, кој има 40 години и околу деценија и пол интернационално искуство во странски клубови, ќе биде од голема полза за прилагодувањето на новите играчи, но и за зацврстување на старото јадро, под водство на тренерот Владо Недановски.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција петкратно го зголемува данокот на имот…

Грчката влада има намера значително да го зголеми…

Најмалку 12 лица повредени во рускиот напад…

Најмалку 12 лица се повредени во масовен…

УЈП ја објави листата на должници: 2.008…

Даночен долг кон државата од над 13,64…

Гори на три локации низ Македонија, четири…

На ден 11/12.09.2026 година, до 07:30 часот,…

Путин: Резултатите на АфД се последица на…

Победата на Алтернатива за Германија на изборите…