Објавено на:

Босанец кој се нашол на дербито: „Чкембарите“ издрогирани фрлаа со сè и сешто!

t

Вардар го задеде првиот удар во ракометниот шампионат, но големиот инцидент што се случи кон средината на првото полувреме ја засени високата победа над „црвено-црните“ над предизвикувачот Еурофарм Пелистер.

Трибините беа полни како во времето кога Вардар играше во Лигата на шампионите, навивачи имаше од цела Македонија, но и од Босна и Херцеговина. Сведок на немилиот настан беше Ален Амиџиќ, кој од прва рака им го пренесе своето искуство на босанскиот медиум „SportSport.ba“.

„Минатата сезона кога играа овде во Скопје имаше и тепачка, само во помали размери. Лани Вардар ја освои титулата едвај пред Еурофарм Пелистер кој победи овде. Потоа на три кола пред крајот Вардар победи во Битола и ја освои лигата. а за тогаш за Пелистер играа Граџан и Периќ. На почетокот имаше добра атмосфера во салата. Капацитетот е над 6.000, а сите билети беа продадени. Натпреварот започна, а навивачите на Пелистер доцнеа петнаесетина минути и потоа влегоа. Кога влегоа започнаа немирите, се пукаа петарди и со факли се фрлаше кон домашните навивачи.

Само што влегоа на трибина почнаа да се однесуваат како хулигани. Сите дрогирани почнаа да ја тресат и да ја кршат оградата која беше поставена пред нив. Запалија факели и почнаа да фрлаат. Не знам што имале во нив, шишиња, камења… Фрлеа по домашните фанови, а беа далеку од „Комити“ (најжестоките навивачи на Вардар), па фрлаа по луѓе, жени и деца. „Комитите“ добро реагираа, штом видоа што се случува и дека луѓе се во опасност, истрчаа преку теренот до гостинските навивачи.

Нивните играчи побегнаа во соблекувалните, а вардарците ја смирија ситуацијата. Тоа траеше пет до десет минути. Навивачите на Вардар дојдоа под нив и фрлаа со сè и сешто. Пет минути се фрлаше со камења и други предмети сè додека не дојде полиција и не ги избрка навивачите на Вардар“, меѓу другото рече Босанецот.

По инцидентот пелистерци на терен се вратија уплашени и Вардар искусно го искористи тоа и славеше убедлива победа од 31-24.

Извор: gol.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАЈНОВА ВЕСТ: Гласањето е прекинато на ова…

Гласањето во избирачкото место 1112/1 во Липковo…

Фон дер Лајен вели: Западниот Балкан е…

На 1 мај 2004 година мојот претходник…

Кулеба ги пофали американските политичари за одобрувањето…

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро…

Тетовец измамен, платил преку интернет 21 илјада…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…

Ако се штеди, во што повеќе –…

Парите кои македонските граѓани ги чуваат во…