Објавено на:

Босанскиот патописец Роберт Дацешин издвоил 10 најубави локации од поранешна Југославија, Охрид е дел од листата

t

Босанскиот авантурист и патописец Роберт Дацешин ги издвоил најубавите место на територијата која некогаш ја опфаќала Југославија. Роберт ја напуштил класичната канцелариска работа за да патува низ светот, а своите впечатоци ги пренесува преку видеа на „Youtube“ каналот каде го следат повеќе од 100.000 луѓе.

Ех, да останевме истата држава, каква држава ќе бевме човеку – планини, море, стари градови, реки и езера, имавме се“, рекол Роберт во видеото кое го објавил на својот канал на „Youtube“.

Нагласил дека листата ја направил сам и дека локациите се одбрани исклучиво според негово мислење. На листата која Дацешин ја составил има 4 места во Хрватска, 2 во Србија, и по едно од Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора и Македонија. Охрид според Дацешин се наоѓа на високото второ место.

1. НП Плитвички езера, Хрватска

2. Охрид, Македонија

3. Хвар, Хрватска

4. Котор, Црна Гора

5. Национален парк Тара, Србија

6. Дубровник, Хрватска

7. НП Сутјеска, Босна и Херцеговина

8. Блед, Словенија

9. Нови Сад, Србија

10. Шибеник, Хрватска

Роберт ја напуштил класичната канцелариска работа за да патува низ светот, а своите впечатоци ги пренесува преку видена на „Youtube“ каналот каде го следат повеќе од 100.000 луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…

Јакимовски: Како претседател ќе се залагам за…

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Стевчо…

Пожар во угостителски објект во центарот на…

Пожар избувна во централниот дел од Охрид.…

(Документи) Се местеле ли тендери за фирма…

Фирма блиска до потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар…