Бочварски: Забрзано се гради пругата кон Бугарија

t

Влезени сме во силен инвестициски циклус во изградба и модернизација на патната и железничката инфраструктура, гасоводната мрежа и други крупни капитални проекти се со цел да обезбедиме квалитетна и модерна инфраструктура во нашата држава, истакна министерот, Благој Бочварски при увид во изградба на железничката пруга кон Бугарија.

Министерот заедно со директорот на ЈП ЖРМ Инфраструктура, Хари Локвенец извршија увид на првата фаза од железничкото поврзување кон Бугарија, на делницата Куманово-Бељаковце.

Проектот опфаќа изградба и рехабилитација на пруга во должина од 30,8 километри, во прва фаза и 34 километри во втора фаза, со вкупна инвестициона вредност од над 200 милиони евра.

„Регионалното поврзување и задржување на нашата стратешка позиција на Балканот е наш врвен приоритет и затоа силен фокус ставаме на Коридорите 8 и 10, како во патната, така и во железничката инфраструктура. Денеска на терен се сретнавме и со претставници од изведувачот и надзорот и можам да кажам дека сум задоволен од динамиката на градежните работи. Изградбата на оваа железничка пруга до Република Бугарија, чија вкупна инвестиција за сите три делници изнесува над 600 милиони евра претставува сериозен чекор во развојот на регионалната железничка мрежа.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Директорот на ЈП ЖРМ, Локвенец, истакна дека проектот ќе заврши во предвидениот рок.

„Го потврдуваме квалитетот и посветеноста на реализацијата на овој исклучително важен инфраструктурен проект, пругата кон Бугарија. Ги спроведуваме направените планови, потврдуваме дека сме посветени кон брза и квалитетна реализација на капитални инвестиции во делот на железницата. Со оглед на динамиката на градежните активности на терен за кои и денеска се уверивме, целиот проект ќе го завршиме во рамките на предвидениот рок од договорот.“ – изјави директорот на ЈП ЖРМ, Хари Локвенец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Урнебесно – Само во Бугарија: Жена паркираше…

Постара жена го „слетала“ автомобилот на друг…

Грците и Бугарите живеат најскромно од цела…

По десет години „финансиско чистилиште“, Грците конечно…

„Шпигел“: Во Бугарија откриено складиште за оружје…

Бугарските истражни органи откриле складиште со оружје…

Бугарија од утре официјално е членка на…

Бугарија официјално стана членка на Шенген просторот…

Два земјотреси рано утринава ја стресоа Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според…