Бочварски: За 2022 година изградивме два експересни патишта, Штип – Радовиш и Штип – Кочани

t

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вечерва изјави дека минатата година капитални инвестиции во земјава достигнале највисоко ниво од 465 милиони евра.

Државата зема најголем замав во најтешката ситуација, со оглед на кризите во земјата. Годинава не може да бидеме незадоволни. За 2022 година изградивме и пуштивме во употреба два експересни патишта, Штип – Радовиш и Штип – Кочани. Со тоа се дава шанса за развој на источниот регион кој беше запоставен. Експресните патишта се одреден дел од иден автопат, рече Бочварски во емисијата „24 анализа“.

Бочварски истакна дека се чувствува подготвен за поголем исчекор во поглед на инфраструктуратаа, меѓутоа нагласи дека тој исчекор е постигнат во 2021 година .

Во однос на новиот клинички центар, Бочварски рече дека опозицијата треба да каже зошто беше блокиран тој процес и концепт за реализација на клиничкиот центар за кој беше одбрана локација.

Во делот на таа постапка Владата ќе продолжи да ги бара можностите и начините за да дојде до реализација на овој значаен проект за граѓаните. Верувам дека од опозицијата ќе наидеме на позитивни дискусии со свои предлози да се вгради за да еден многу значаен проект за државата конечно се реализира. Владата не се откажала од изградба на клинички центар, МЗ работи на одбирање на најдобирот модел и концепт, нагласи Бочварски.

Говорејќи за гасоводниот систем, Бочварски посочи дека во делот на магистралните гасоводи преку 300 километри се изградени во време на СДСМ, а нешто над 60 километри завршиле во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Ваквите проекти, рече тој, се реализираат, а за годинава најави најави завршувања на гасоводот до Гостивар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бил Гејтс предупредува: Во 2027 година нè…

Бил Гејтс предупреди дека човештвото би можело…

(Видео) Мега дипломатски скандал: Бугарија организирала бегство…

Ива Михаилова која во Македонија се гони…

Судот не дозволил Михаилова да замине од…

Кочанчанката Ива Михаилова, на која ѝ се…

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека…

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските…

Британскиот премиер ја потврди вмешаноста на Русија…

Енди Барнам изјави дека Русија „јасно“ се…