Бочварски: Обезбедуваме брза лента за издавање на патни документи на сите транспортери и превозници
Транспортерите и превозниците од земјава кои поседуваат сертификати за професионални возачи ќе можат во брза постапка да извадат патни исправи. Според министерот за транспорт и врски, со тоа им се излегува во пресрет на барањата на транспортерите и превозниците.
– На барање на здруженијата обезбедуваме брза лента за издавање на патни документи на сите транспортери и превозници кои поседуваат сертификати за професионални возачи. Покажуваме посветеност и поддршка, бидејќи транспортната дејност е една од најзначајните гранки кои учествуваат во домашниот БДП – вели Бочварски.
Стопанствениците од Регионалната стопанска комора од Прилеп деновиве повикаа политичарите да си ја исправат грешката.
– Незавидната ситуација со новите патни исправи ако продолжи, ќе трпи извозот во сите дејности и ќе се ја затвориме вратата за пласман. Очекувам дека што побрзо ќе се разреши ситуацијата со документите за патување и дека нема да се најдеме во ситуација нашите компании кои веќе имаат договори за извоз да не може да ги испочитуваат само поради бирократски проблеми.Сите извозни дејности трпат. Не смееше да се доведиме во ваква ситуација, но некои работи не зависат од нас стопанствениците. Политичарите треба да си ја завршат својата работа за тоа што се платени – изјави Сашо Самарџиоски, потпретседател на прилепската Регионална стопанска комора.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…