Бошњачки демократски сојуз: Стоиљковиќ во Владата го прими Додик, кој е на црната листа на САД
Бошњачкиот демократски сојуз со реакција по посетата на Милорад Додик на Скопје, велат вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Стоиљковиќ во Владата на Република Северна Македонија оствари средба со Милорад Додик во просториите на министерството кој е на црната листа на САД поради неговите геноцидни политики и корупција.
Ова е огромен удар за угледот на нашата земја во меѓународната заедница со што се поставува прашањето дали оваа Влада воопшто негува европски вредности во контекст на почитување на човековите права и слободи и цивилизациски вредности утврдени со меѓународните акти, врз основа кои се осудени одредени лица а со чија глорификација и говор на омраза Додик направи и сеуште ја одржува својата политичка кариера! Ова сериозно ја доведува во прашање нашата стратегија за европска интеграција и меѓународните односи, се вели во соопштението од Бошњачки демократски сојуз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За 69 отсто зголемени пријавите за семејно…
Бројот на пријавени случаи на семејно насилство…
Тинејџер уби човек по групна тепачка пред…
Маж на 32-годишна возраст ноќеска бил убиен…
Мицкоски: Практичниот дел од правосудниот испит ќе…
Премиерот Христијан Мицкоски појасни дека предложеното решение…
АХВ најави вонредна контрола во млекара по…
Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…
Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон…
Во Брисел испративме два закони – Кривичниот…