Бојан Јовановски од утринава е на високоризична операција: Целосно ќе му се отстрани желудникот

t

На Бојан Јовановски утринава во градската болница во Скопје му се врши хируршка интервенција за целосно отстранување на желудникот, потврди за „Слободен печат“ адвокатот на Јовановски, Владимир Туфегџиќ.

-Јовановски го примија да се оперира утринава. Тим од четворица лекари ќе ја изведе операцијата која што е со висок ризик, како што впрочем и укажаа лекарите специјалисти од областа во повеќе наврати во специјалистичките извештаи кои беа доставени до судот и до управата за извршување санкции. Сето ова можеше да се одбегне согласно препораките на лекарите специјалисти доколку на пациентотт му беше овозможено да се спроведе задолжителниот и строг здравствен режим кој беше невозможен во пенални услови и од тие причини лекарите препорачуваа дека единствено со времен прекин на казната и во домашни услови здравствената состојба на пациентот може да се санира и да се одбегне оперативниот зафат кој денеска се случува, вели адвокатот Туфегџиќ.

Тој за „Слободен печат“ додаде дека судот го одбил барањето за времен прекин на издржувањето на казната на почетокот на март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апел за помош: На Леонид му е…

ВАЖНО и ИТНО: Младиот Леонид Индов (18),…

Апел за помош: Потребни се 19.000 евра…

Пред околу две години малиот Тео замина…

Успешно вградено вештачко срце на Дејан, кај…

На Дејан Христовски, млад пациент во 40-тите…

Бугарските доктори потврдија оти македонските “не знаеја”:…

Состојбата на бугарскиот државјанин Драгомир Андонов кој…

Наставничка и ученичка жртви на масакрот во…

Во Ургентниот центар во Белград денеска беа…