Објавено на:

Бојкот на вработените од одржување на влечните средства во ЖРСМ Транспорт

t

Вработените за одржување на влечните средства при ЖРСМ Транспорт АД Скопје стапија во бојкот и изутрина од осум часот не ги извршуваат работните задачи, изјави за МИА Ѓоко Илиевски, претставник на вработените.

Причина за бојкотот, како што наведуваат во известување до медиумите, е неисполнувањето на најнеопходните барања без кои се не можат да опстанат. Тие бараат зголемување на коефициентот на сложеност за 0,30 проценти, греење во работните простории кое посочуваат дека го немаат од 20 јануари годинава, соодветни услови за работа, бидејќи тврдат дека немаат заштитна опрема, како и нови вработувања за да опстои фирмата.

Се додека не се изнајде решение за нашите барања ние вработените во одржување ќе бојкотираме, изјави Илиевски, појаснувајќи дека по 8 часот изутрината не се врши редовниот дневен преглед на локомотивите и патничките гарнитури.

На денешниот бојкот, како што вели, вчера му претходел двочасовен предупредувачки протест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Искршени плочи на гробишта во Скопје по…

По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…

Пет дена боледување од матичен – Нови…

Од 1 декември се менуваат правилата за…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…

Цистерна и комбе утрово се судрија на…