Објавено на:

Бојко Борисов потврди: Прво Бугари во Устав, па сѐ што е во протоколите, па ЕУ…

t

Лидерот на бугарската опозициска партија ГЕРБ, Бојко Борисов, јавно призна дека Бугарија и по евентуално внесување на Бугарите во македонскиот устав ќе продолжи да ја блокира Македонија се до исполнување на се“ што е соддржано во протоколите кои ги потпиша политичкиот лузер, тогашен МНР, Бујар Османи.

„Со својот глас, европратениците од сите групи јасно ставија до знаење дека злоупотребата на европските правила и договори нема да се толерира“, објави поранешниот бугарски премиер на Фејсбук.

Борисов се испофали дека по потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство во 2017 година ГЕРБ одиграла клучна улога во „враќањето“ на европската перспектива на Македонија во 2022 година, кога беше договорен таканаречениот европски консензус.

„Благодарение на мнозинството што нашата парламентарна група им го обезбеди на тогашните владетели, Националното собрание ја усвои декларацијата во која јасно се наведени параметрите што подоцна станаа основа за договорениот компромис меѓу Брисел и Скопје. Во оваа смисла, нападот врз Вториот протокол кон Договорот за пријателство и добрососедство беше несоодветен и контрапродуктивен. Поради оваа причина, мило ми е што мнозинството европратеници категорично изјавија дека договорите мора да се почитуваат и дека ќе се спречат обиди за нивно заобиколување преку процедурални трикови“, објави тој.

Борисов нагласи дека бугарската позиција останува непроменета.

„Бугарите мора да бидат вклучени во Уставот на нашиот западен сосед, за да може да го почне својот суштински процес на преговори. За да продолжат овие преговори и Договорот за пријателство и добрососедство и сите негови протоколи мора строго да се спроведуваат, како што всушност е предвидено во европската преговарачка рамка. Сè друго ќе наиде на недоразбирање и широк институционален и јавен отпор, и во Бугарија и во Европа“, јасно и децидно порача Борисов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Дали Петков ќе ја посети или не…

По вчерашната средба на бугарскиот политички врв…

Oпозицијата го пpeмисли Бојко: Време било да…

Екс бугарскиот премиер Бојко Борисов му го…