Бојко ште се врне: ГЕРБ со највисок рејтинг на два дена пред изборите

t

На два дена пред гласањето на парламентарните избори во Бугарија, ГЕРБ е во предност пред „Продолжуваме со промената“ со нешто над девет проценти, покажуваат резултатите од истражувањето на Галуп“. 25,8 насто од анкетираните би гласале за партијата на Бојко Борисов, а 16,6 проценти за „Продолжуваме со промената“. Следуваат бугарските социјалисти со 9,2 насто, а „Преродба“ двојно го зголеми рејтингот од ноемвриските избори лани, и достигнува околу 11 проценти.

Според истражувањето, раст во рејтингот има и „Демократска Бугарија“. „Има таков народ“ и „Бугарски подем“ се нешто над долниот праг од четири проценти за влез во Национално собрание. Анкетата е спроведена од 20 до 27 септември, на илјада и девет испитаници. 47 насто од гласачите рекле дека сигурно ќе гласаат в недела. Според Централната изборна комисија, подготовките за изборите течат според утврдените рокови и процедури.

„Вкупно ќе користиме 11 илјади и 13 апарати за гласање. Ќе има доволен број на хартиени ливчиња насекаде, за да може да се гласа доколку има проблеми со апаратите“, вели Цветозар Томов, портпарол на Централната изборна комисија.

Очекувањата се дека на изборите ќе излезат околу 40 проценти од гласачкото тело. Речиси 45 проценти сметаат дека техничката влада на Галаб Донев ќе обезбеди услови за фер и демократски избори, а 21,7 насто се сомневаат и рекле дека тоа нема да се случи. Бројот на гласачи во Бугарија надминува 6 милиони и 600 илјади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…