Бојмацалиев: МВР во минатото затвораше телевизии, но да го почекаме извештајот за новинарот Салиу

t

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев не го коментира апсењето на новинарот Фуркан Салиу, но рече дека техничкиот министер е од партија на која во минатото ѝ пречеа гласни новинари.

„Во моментов имаме министер од политичка партија која во минатото знаеше да се спротистави на гласните новинари и да затвора телевизии. Сосема е оправдано што граѓаните реагираат, јас нема повеќе ништо да додадам од она што е соопштено од МВР. Од денеска за тоа што се случувало, зошто и на кој начин е уапсен новинарот, вклучена е и внатрешна контрола, така што мојот коментар ќе го дадам по извештајот од спроведната контрола“, изјави Бојмацалиев денеска во Охрид.

На прашањето на новинарите дали можело и поинаку да се постапи, Бојмацалиев рече дека секогаш постојат повеќе начини да се постапува, а дали тоа бил исправниот начин тоа ќе го покаже внатрешната контрола по случајот.

Тој денеска имал состанок со раководството на СВР – Охрид на кој, како што рече, се разговарало и за тековната оперативна акција – претседателски и парламентарни избори 2024 година.

„Досега имаме одлична комуникација со сите политички партии и немаме индиции за нарушување на изборниот процес. А така ќе продолжиме во тесна комуникација и со граѓаните и со партиите со цел полицијата да биде на терен со нив и да го гарантираме изборниот процес“, рече Бојмацалиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еве какво време не очекува денес

Времето денеска ќе биде променливо облачно и…

Сијарто: Судирот во Украина мора да заврши…

– Војната претставува сè поголеми предизвици поради…

Даштевски: Очекувам првичните резултати од двојните избори…

Државната изборна комисија (ДИК) е подготвена за…

Црвенковски одлучи да се затвори дома и…

Неприфатлив e молкот на поранешниот претседател Бранко…

Украински разузнавач: На крајот ќе мора да…

Украина ќе мора да стапи во преговори…