Бојмацалиев: Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да се залагаат за фер и слободни избори, без дезинформации и непотребен национализам
Моите очекувања од ВМРО-ДПМНЕ во контекст на изборниот процес се фокусирани на конструктивен и отворен дијалог за сите прашања, порача во интервју за 24инфо.мк дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи во техничката влада, Митко Бојмацалиев.
„Прво, очекувам дека ќе се залагаат за фер и слободни избори, а против секакви форми на изборни нерегуларности или манипулација. Второ, очекувам дека ќе го искористат својот простор во јавниот дијалог за конструктивно искажување на своите ставови и политики, без дезинформации или непотребна реторика на национализам која може да го наруши јавниот ред и мир и стабилноста на државата“ рече тој.
Заменик министерот очекува дека сите политички партии ќе излезат со конкретна понуда, потсетувајќи дека огромно мнозинство од македонските граѓани се за Европската унија и за профаќање на европските вредности и стандарди.
„Секако, очекувам дека сите политички партии ќе го искористат овој период за да се градат мостови со граѓаните, слушајќи ги нивните потреби и предлози и работејќи на развојот на политики кои одговараат на интересите на широката јавност. Пак ќе повторам дека огромно мнозинство граѓани се за Европската Унија и за внесување на европските вредности во македонските институции, во македонското општество“ посочи Бојмацалиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од…
Кога наместо да деде одговор на конкретно…
СДСМ го осудува насилството и сценаријата на…
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува…
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…
Костадинов до ДПМНЕ: ВМРО не е ваша…
Не е проблем што ВМРО-ДПМНЕ не разбираат…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…