Бојмацалиев: Почит кон споменот и сеќавањето на нашите бранители -херои од 2001 – никогаш нема да бидат заборавени
Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев се обрати на настан на покана од ,,Здружението на членовите на фамилиите на загинатите припадници на вооружените сили на Македонија -Херои на Македонија 2001-2015“ по повод чествување во сеќавање на загинатите бранители во настаните ,,Вејце “ и ,,Шипковица“ во 2001 година.
„Нашата татковина е создадена и опстојува благодарение на храброста, непокорот и пожртвуваноста на нашите бранители-херои .

За мирот и спокојот што денеска го имаме ним им должиме и им се поклонуваме. Тие се великаните кои ја променија историјата и оставија светол пример за идните генерации.
Нивните имиња остануваат вечно врежани во колективната меморијата на македонскиот народ. Нивниот ведар дух, посветеност и професионалност нивните херојски дела оставија траен белег врз нашите животи, за што денеска и секогаш со гордост и пиетет зборуваме и се сеќаваме. Дозволете ми на крајот, во мое име, како син на воено лице во пензија, кое во 2001 учествуваше на овие настани, сега како претставник на министерството за внатрешни работи да им оддадам уште една признание и да им кажам на фамилиите дека никогаш нема да бидат заборавени а Македонија ќе биде вечна.“, потенцираше дополнителниот заменик министер Бојмацалиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР демантира дека Тошковски го наместил тендерот…
„Во врска со написите на политичката партија…
Лажни полицајци претепале маж во Центар
„На 21 јуни 2025 година, во 16:30…
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…