Бојмацалиев: Почит кон споменот и сеќавањето на нашите бранители -херои од 2001 – никогаш нема да бидат заборавени

t

Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев се обрати на настан на покана од ,,Здружението на членовите на фамилиите на загинатите припадници на вооружените сили на Македонија -Херои на Македонија 2001-2015“ по повод чествување во сеќавање на загинатите бранители во настаните ,,Вејце “ и ,,Шипковица“ во 2001 година.

„Нашата татковина е создадена и опстојува благодарение на храброста, непокорот и пожртвуваноста на нашите бранители-херои .

За мирот и спокојот што денеска го имаме ним им должиме и им се поклонуваме. Тие се великаните кои ја променија историјата и оставија светол пример за идните генерации.

​Нивните имиња остануваат вечно врежани во колективната меморијата на македонскиот народ. Нивниот ведар дух, посветеност и професионалност нивните херојски дела оставија траен белег врз нашите животи, за што денеска и секогаш со гордост и пиетет зборуваме и се сеќаваме. Дозволете ми на крајот, во мое име, како син на воено лице во пензија, кое во 2001 учествуваше на овие настани, сега како претставник на министерството за внатрешни работи да им оддадам уште една признание и да им кажам на фамилиите дека никогаш нема да бидат заборавени а Македонија ќе биде вечна.“, потенцираше дополнителниот заменик министер Бојмацалиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…

Од МВР информираат дека е поднесена кривична…

МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…

Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…

Голема полициска акција: Претреси на над 40…

Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…

Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…

За еден месец, македонската полиција запленила 97…

Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…