Бојмацалиев: Пронајден e сторителот што ја оби пратеничката канцеларија на Лефков
Откако пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, објави дека е обиена неговата пратеничка канцеларија во Кочани, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев попладнево во објава на Фејсбук информира дека е пронајден сторителот што обил во канцеларијата на пратеникот Лефков.
++„Во врска со случајот на разбиената пратеничка канцеларија на пратеникот Миле Лефков, би сакал да ја информирам јавноста дека МВР го расчисти случајот – сторителот е пронајден“, пишува Бојмацалиев во објавата на Фејсбук.
Претходно денеска пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ објави дека е обиена неговата пратеничка канцеларија за средби со граѓани во Кочани што, како што рече, се случува на последниот ден од кампањата за претседателските избори. Говорејќи од пред полициската станица во Кочани, Лефков се обрати до дополнителниот заменик-министер во МВР, Митко Бојмацалиев, прашувајќи дали неговото непотпишување кадровските измени во ОВР Кочани било со цел, како што рече, да се сее страв пред стартот на изборите.
Тој ги повика Бојмацалиев и техничкиот премиер да ги откријат сторителите што ја обиле неговата пратеничка канцеларија оценувајќи оти методите со закани, провалништва и внес на несигурност кај граѓаните се минато.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија ќе биде одговорна и за македонскиот…
Бугарија ќе биде одговорна за изградбата на…
Излета „голф“ на патот Куманово-Свети Николе, тешко…
МВР информира дека вчера наутро околу 08:00…
Млад човек починал откако паднал од познатата…
Маж на 21-годишна возраст денеска починал откако…
Османи: Одложувањето на евроинтеграциите станува егзистенцијална закана,…
Понатамошното одложување на европската интеграција се претвора…
Гостиварец прободе сограѓанин – доби кривична за…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…