БРАВО: Балканските момчиња се изборија за бронзата на СП во Катар!
Хрватска со 2-1 го победи Мароко во натпреварот за третото место и го повтори успехот од 1998 година кога исто така дојде до мундијалската бронза.
Хрватска и Мароко одиграа одличен, динамичен меч во битката за третото место во кој на крајот Хрватите излегоа како победник.
Натпреварот беше отворен уште во седмата минута кога Мајер нафрли од слободен удар до главата на Перишиќ, тој асистираше до Гвардиол кој ја удри топката исто така со глава и постигна погодок за водство на Хрватска од 1-0. Негов прв мундијалски гол.
Но, водството на Хрватите траеше само две минути, тогаш Дари искористи една грешка на противникот и со глава постигна гол за израмнување на 1-1.
Овој резултат беше актуелен до пред крајот на првото полувреме. Во 42. минута Мислав Оршиќ фантастично пласираше една топка и ја смести во мрежата на Боно за предност на Хрватска од 2-1.
Во вториот дел и двете селекции имаа свои шанси, но немаше нов погодок. Хрватска победи со 2-1.
За Хрватска ова е втора бронза од Светските првенства, во 1998 година исто така победија во мечот за третото место. Сепак нивниот најголем успех се случи пред четири години кога играа во финалето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Босанец (29) со нож и пиштол им…
Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…
Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа
Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…
Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…
Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…
Експлозија во уште едно складиште за оружје…
Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…
Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…
Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…