БРАВО: Бугарски професор го поддржува Пендаровски во повикот Софија да се извини за депортацијата на македонските Евреи!
Се приклучувам на повикот на македонскиот претседател, напиша на својот фејсбук-профил Михаил Иванов, бугарски професор и поранешен советник на бугарскиот претседател Жељу Желев.
Тој на својот профил ја пренесе вчерашната изјава на македонскиот претседател Стево Пендаровски за време на одбележувањето на 80-годишнината од прогонот на македонските Евреи во Скопје: „Правда значи да се препознае и именува вистината и таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи“.
Професорот Иванов на својот фејсбук-профил исто така напиша дека се согласува со изјавите на Горан Садикарио, директорот на Музејот на холокаустот во Скопје.
„Го слушам Горан Садикарио и ме боли. Затоа што тој е апсолутно во право. Зошто не слушам од демократските политички партии за срамната ситуација во која генералот Радев и неговата придружба ја ставија Бугарија“, вели Иванов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…
Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија го прогласи 11 ноември…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија утрешниот ден ќе го…
Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…
Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…