Браво за Италијанците – Оперскиот пејач Нацоски ќе ја пее химната на Македонија во Рим!
Фудбалската репрезентација на Македонија во понеделник ќе ги стартува подготовките за последните предизвици во квалификациите за Европското првенство во Германија.
Прв ривал во овој прозорец ќе ни биде селекцијата на Италија, натпревар кој се игра на стадионот „Олимпико“ во Рим, на 17 ноември. По тој повод Фудбалската федерација на Италија ќе ни приреди голема чест, бидејќи го поканија нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски да ја пее химната во пресрет на овој дуел.
Најафирмираниот македонски оперски пејач е роден и потекнува од Скопје. По завршувањето на средното образование, Нацоски заминал за Рим, каде својот глас го школувал со светски познатите уметници и педагози Мирела Паруто и Антонио Боаје. Нацоски моментално живее и работи во Милано.
За Нацоски ова ќе биде втор пат како ќе ја пее химната на Македонија на еден фудбалски натпревар. Првиот пат тоа го направи во 2016 година во Скопје.
Извор: gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…
ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ „НВИДИА“: Директорот призна…
Извршниот директор на американскиот технолошки гигант „Нвидиа“,…
Брнабиќ предупреди на дестабилизација на Србија
Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана…
Отворена истрага против 24-годишниот напаѓач од Краков:…
Обвинителството во Краков денеска отвори истрага против…
Зошто странски фирми заминуваат од Србија: Во…
Странските компании како „Дрексел мајер“ и „Астер…