Браво: Златен медал за македонската таеквондистка Мила Рељиќ на меѓународен натпревар во Израел
Македонската таеквондистка Мила Рељиќ од клубот Тигри Скопје, викендот освои златен медал во конкуренција сениорки -62 кг на меѓународниот натпревар „Винер Израел Опен“ од Г2 серијата.
На натпреварот турнирот учествуваа повеќе од 270 натпреварувачи од 25 земји во светот меѓу кои и САД, Кореа, Индија, Бразил, Шпанија, Германија, Велика Британија…
Во својата категорија Рељиќ на патот до златото ги победи и репрезентативката на Израел, Наама Биненсток а во финалната борба со доминација ја победи и бронзената од последните Панамерикански Игри, претставничката од Еквадор Мел Мина.
Ова е прв златен медал за 19 годишната Мила, која по освоениот бронзен медал во Загреб во јуни месец годинава ја докажа својата светска класа.
Тренерот на Мила, Александар Ефтимов најавува и нови успеси, на претстојното Европското клупско првенство од 22 – 26 август во Талин, Естонија, Европското првенство за млади до 21 година кое ќе биде крајот на месец септември во Албанија, како и на Светското првенство во ноември во Мексико.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еве како полицијата во Италија се подготвува…
Полицијата во Италија подготвува засилени контроли, надзор…
Франција распоредува 70.000 полицајци: Лувр и други…
Француските власти најавија распоредување на околу 70.000…
Сиљановска-Давкова-Бака: Потребни се реформи во меѓународните организации…
По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската…
Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со…
Денеска во Рим, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски…
„Конц-логор, деспотство од азиски тип“: Нови навреди…
Карлос Контрера, советник во Софија и потпретседател…