Браво: Ивановски со огромен скок на АТП-листата, прв пат во својата кариера!
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, направи огромен скок на АТП-листата, откако со бодовите добиени од триумфот на неодамнешниот фјучерс во Скопје дојде до 362. место напредувајќи дури 50 позиции на оваа листа.
За 19-годишниот предводник на „белиот спорт“ кај нас ова е првпат во кариерата да е меѓу најдобрите 400 тенисери, што е одличен показател дека неговата кариера оди во нагорна линија. Тој со победата на терените на ТК „Југ“ доби нови 24 ранкинг бодови, а кои ќе додаде уште три од настапот минатата недела поради што следниот понеделник повторно ќе има најдобар пласман на АТП-листата и тоа за три места погоре од денеска. Голем напредок има и Горазд Србљак, кој скокна за 51 место со што дојде до 1.157 позиција во светот, односно му се приближи на Обрад Марковски кој сега е само три места подобро пласиран од репрезентативниот колега.
На врвот на листата останува Новак Ѓоковиќ, кој лидерската позиција, сепак, може да ја загуби за седум дена и тоа само ако Карлос Алкараз неделава триумфира на турнирот во Лондон, кој се игра на трева.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајка кај Стража, има жртви и…
Тешка сообраќајна несреќа се случила на патниот…
Три пушки и три пиштоли пронајдени кај…
При претрес во Битола, пронајдено е оружје…
Воз излета од шини во Франција: Повеќе…
Најмалку 44 лица се повредени, од кои…
Грција петкратно го зголемува данокот на имот…
Грчката влада има намера значително да го зголеми…
Најмалку 12 лица повредени во рускиот напад…
Најмалку 12 лица се повредени во масовен…