БРАВО! Македонската теквондистка Рељиќ ја победи двократната олимписка шампионка!

t

Македонската теквондистка Милјана Рељиќ приреди голема сензација на дебито на ЛОИ и исфрли двократна олимписка шампионка!

Девојката која е родена 2003 година во категоријата до 57 килограми се судри со една од најдобрите во овој спорт, Џејд Џонс од Велика Британија и успеа да забележи победа со 2-1 во рунди за пласман во следната рунда!

Рељиќ херојски се бореше против далеку поискусната ривалка. Во првата рунда беше дури и подобриот ривал и со 7-6 поведе со 1-0. Втората рунда ѝ припадна на Британката, додека третатат беше израмнета, но нашата натпреварувачка имаше повеќе удари и затоа нејзе ѝ припадна победата.

Инаку, Џонс е искусна теквондистка која е трета носителка на овој олимписки турнир. Таа е двократна олимписка шампионска од игрите во 2012 и 2016, исто така и светска шампионка од 2019 година, а од Европските првенства има три златни медали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…