Објавено на:

БРАВО македонски девојчиња: Злато и бронза во ритмичка гимнастика за Ева и Илина Соколовски во Германија

t

Македонските девојчиња Илина(16) и Ева(13) донесоа злато и бронза за Германија. Двете сестри Македонки, кои живеат во Германија, го освоија првото, односно третото место на турнирот по ритмичка гимнастика во републичките наптревари и своите витрини ги закитија со по уште еден пехар.

Успехот е поголем што Илина и Ева со нивните години се натпреваруваат во поголемите класи.  Ева, која има 13 се натпреваруваше во класа до 15 годишна возраст, на турнирот во германското градче Падерборн и по четврти пат го освои првото место.

Додека Илина, која има 16 години на турнирот во Бохум го освои третото место. Токму поради овој голем успех дветге се квалифицира во шолуфиналето на Германија кое ќе се одржи на 29 и30 овој месец во Хефенхајм.

Илина, која веќе има и интернационална кариера се натпреварува во сениорската класа, но за разлики од изминатите години сега конкуренцијата е многу посилна, а тоа и дава мотив повеќе да реди успеси.

-Ми предизвикува задоволство да се натпреварувам во ваква силна конкуренција. Велам силна е конкуренцијата, бидејки многу гимнастичарки од Украина и Русија поради проблемите во своите дрзави ги потполнија германските клубови. Веќе неколку години ја следам мојата конкуренција, тоа се гимнастичарки поголеми по возраст од мене. Тие некогаш беа мои идоли, а сега ќе треба да ги мерам моите вештини со нив. Знам дека ова за мене е нешто ново, нешто што бара многу труд, но не се плашам. Знам дека ние доаѓаме од малата Македонија, но сме големи во срцето и успесите. Затоа не се плашам, ни рече Илина, која ќе ја претставува Македонија на евроското првенство во гимнастика.

-Откако одлучив да ги бранам бите на нашата татковуна не застаувам. Тренирам по шест пати во неделата, а по четири часа преку викендит, но некогаш се случува и по шест часа. И не ми е тешко ништо, напротив, се правам со голема желба, во најдобро светло да ја претставам Македонија, рече Илина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗЛАТО, СРЕБРО И БРОНЗА ЗА МАКЕДОНКИТЕ: Илина…

Илина и Ева Соколовски го развејаа македонското…

Земјите складираат злато

Над 40 тони од благородниот метал беа…

Цената на златото достигна историски највисоко ниво

Цените се зголемуваат во услови на геополитички…

Ново поскапување: Цената на златото е на…

Цената на златото е на шестмесечен максимум.…

Браво! Злато за македонските информатичари на Европската…

На 7-мата по ред Европска јуниорска олимпијада…