Објавено на:

Браво момци: Македонија е европски првак во Кантер Страјк!

t

Македонската Кантер Страјк е-спорт репрезентација со нов голем успех на меѓународна сцена одново ја израдува нацијата.

На „Кантер Страјк Глобал Офенсив“ нашите кантераши со леснотија стигнаа до златниот медал и ги обединија најпрестижните титули во овој спорт. Претходно, триумфираа во Европскиот Куп на нации, а пред осум месеци станаа светски прваци.

Европското првенство во Кантер Страјк, кое што се играше во Романија,  имаше награден фонд од 25.000 долари, со тоа што освојувачот, односно Македонија доби 10.000 долари. Во големото финале Македонија преку пресврт славеше над Украина со 2-1. Првата мапа „Даст 2“ им припадна на Украинците, но во продолжение на „Мираж“ и „Вертиго“ славеа нашите репрезентативци.

Златните европски момци кои ја израдуваа Македонија се Павле Стојановски, Даниел Глигоров, Александар Кјулукоски, Дамјан Стоилковски, Јане Апостоловски.

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…