Секоја чест момци: Петта победа во низа за македонската фудбалска репрезентација без примен гол!
Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада селекцијата на Фарски Острови со 1:0. Натпреварот го одлучи Бојан Миовски кој ја затресе противничката мрежа во 62. минута.
– Задоволен сум од епилогот на натпреварот и во групата. Целта ни беше првото место и ја остваривме. Тие одиграа одличен натпревар, беше тешко да ги пробиеме. Останавме смирени и трпеливи и дојде таа шанса што ја искористив и донесов победа за Македонија. Чест е да се игра за репрезентацијата. Атмосферата во националниот тим е одлична и очекувам уште поголеми успеси во иднина, изјави Миовски, по натпреварот.
За избраниците на селекторот Благоја Милевски ова е петта победа по ред, сите пет без примен гол.
Со трите освоени бода Македонија го освои првото место во четвртата група Ц-сегмент од Лигата на нации.
„Црвено-жолтите“ групата ја завршија со 16 бодови и гол-разлика 10:1. Второто место и припадна на Ерменија која по денешната победа (2:1) над Летонија стигна до седум бода. Фарски Острови се трети со 6 бода, Летонија е последна со 4 бода.
Македонија во следното издание на Лигата на нации ќе игра во Б-сегментот. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Предложен притвор за едно лице за избоденото…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Кремљ најави можна средба меѓу Путин, Трамп…
Советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека…
Шефот на „Донауштал“ тврди: „Германија и Русија…
Германија и Русија се во војна, изјави…
Туск: Не смееме да ја напуштиме Украина,…
Полскиот премиер Доналд Туск порача од Гдањск…
Русија ги отфрла обвинувањата за дроновите во…
Официјална Москва најави реципрочни мерки против Берлин…