Браво: Скок од 44 места на Калин Ивановски на АТП листата!
Новак Ѓоковиќ падна на третото место на АТП листата и тоа може многу да му ја отежне работата на Ролан Гарос.
Српскиот ас, кој е и рекордер по бројот на седмици на врвот на АТП, беше елиминиран во четвртфиналето во Рим, а тоа го искористи Данил Медведев, кој со победата над Руне во финалето, ја освои 20-та титула, прва на земјена подлога во кариерата и се искачи на второто место. Тоа значи дека Ѓоковиќ на Ролан Гарос веќе во полуфиналето може да се сретне со Карлос Алкараз, кој се врати на првото место.
Историско ранг има финалистот во Рим, Руне, кој се искачи на шестата позиција, а пред него се уште Каспер Руд и Стефанос Циципас.
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски одново напредуваше на листата и забележа скок од дури 44 места. Младиот ас сега е на 415 позиција на АТП, додека нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа се искачи осум места и сега е на 252. позиција на ВТА листата.
Извор: gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осумгодишно дете удрено на пешачки премин пред…
8-годишно дете било удрено од автомобил на…
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…
Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…
„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…
Кризната состојба за снабдувањето со нафта продолжува…
Можните нарушувања во снабдувањето со нафта и…
Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во…
Податоците на Евростат покажуваат дека Македонија има…