БРАВО! Скок од 69 места, Ивановски со најдобар АТП ранкиг во кариерата!
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски пред една седмица забележа нов голем успех на тениските терени и со тоа стигна до најдобриот свој АТП ранкинг во кариерата.
Тинејџерот го освои трофејот во Мадрид и тоа му донесе нови бодови на контото. Ивановски со триумфот во шпанската престолнина освои 15 бода и направи скок од 69 места на АТП листата и моментално е на историски најдобрата позиција во кариерата – 541 места.
По настапот во Мадрид, Ивановски играше во Трнава, но не се прослави и беше елиминиран уште во првото коло.
Лидер на АТП-листата е Карлос Алкараз од Шпанија, пред Рафаел Надал, потоа следат Каспер Руд, Стефанос Циципас, Новак Ѓоковиќ…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…
Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…
САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…
Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…