Браво: Тетовци собраа над над 46 илјади евра донации за Турција и Сирија
За две недели по повикот на Општина Тетово на наменската сметка за донации да се уплаќаат средства за помош на подрачјата погодено од земјотрес во Турција и Сирија се собрани 2.890.318,00 денари. (46 илјади евра). Ваква можност имаше од 9 до 21 февруари.
-Акцијата за донација (уплата) на финансиски средства од страна на Општина Тетово за погодените од земјотресот во Турција и Сирија е завршена. Во периодот од 09.02.2023 до 21.02.2023 година собрани се 2.890.318,00 денари. Транспарентноста и отчетноста се наш приоритет. Му благодариме на секој граѓанин за секој дониран денар. Се надеваме дека вакви земјотреси никогаш повеќе нема да се случат во ниту една земја, порача градоначалникот Биљал Касами преку социјалните медиуми.
Општина Тетово преку одлуката на Советот одвои еден милион денари помош за подрачјата погодени од земјотрес во Турција и Сирија. Неколку дена на градскиот плоштад се собираа облека, конзервирана храна, шатори, ќебиња и други производи кои потоа со два камиони беа транспортирани до двете земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
При контрола во угостителски објект во Тетово,…
На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за…
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…
Слепите лица во Тетово без инфраструктура –…
Ова е сликата и светот низ кои…