Браво: Ученичка од Прилеп е најдобар пишувач на есеи по англиски во светот!
Петтоодделенката Софија Златареска од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп го освои првото место во светот на меѓународниот натпревар или уште како што се нарекува Олимпијадата за англиски јазик, Хипо, во новоформираната категорија за пишување на есеи.
Веста е објавена и на официјалната страница на училиштето. „Во рамките на Меѓународниот натпревар Hippo 2023, оваа година за прв пат имаше натпревар за есеи во сите возрасни категории. Нашата Софија Златареска од V-1 одделение, под менторство на наставничката Зорица Трајаноска, не направи горди како училиште затоа што го доби првото место во нејзината категорија Hippo 1. Успешната приказна на Софија ќе се најде во првата книга за мемоари што ќе биде издадена наскоро“, велат од училиштето Климент Охридски.
Есеите биле со тематика поврзана со искуствата на децата со учеството на Хипо натпреварите. Целиот есеј на Златареска бил поврзан со Вања Ѓорѓиоски, исто ученик од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп кој лани на овој натпревар го освои првото место на светското финале кое се одржа во Рим, Италија.
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=702236691699939&id=100057408431472
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…