БРАВО хумани луѓе! Црвен Крст собра еден милион евра донации за Турција и Сирија

t

Црвениот крст на РМ со свечен чин ја заокружи кампањата за помош и поддршка за настраданото население во Турција и Сирија на одбележувањето на 78-годишнината од постоењето.

На настанот што се одржа во „Холидеј ин“ се обрати генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити. Саити рече дека хуманоста не се кажува, туку покажува и докажува, таа не се импровизира туку до срце се практикува.

Нашите граѓани докажаа хуманост на дела изминатиот период и сочувство со населението во Турција и Сирија. Животот често е исполнет со болка, тага, незадоволство, тешкотии и не тера да рамзислиме дали има причина и колку може да бидеме хумани и човечни, но останува за миг да заборавиме на себе и да помислиме на другите, само така ќе ја дознаеме потребата од тоа да се биде добар. Многу поблиску до човековата природа се добрите дела, а не злото и затоа не смееме да веруваме дека живееме во нехумано општество. Во наредниот период продолжуваме да рбаотиме на обезбедување подостоинствен живот на оние на кои им е потребна поддршка, рече Саити.

Покровител на настанот беше премиерот Димитар Ковачевски, кој истакна дека продолжуваме да ја покажуваме нашата солидарност на дело преку помошта која ја обезбедуваме за настраданите подрачја во Турција и Сирија.

Добра е веста дека досега се собрани над 960 илајди евра помош за настраданите подрачја, а целта е да се стигне до еден милион евра, нагласи премиерот Димтиар Ковачевски на денешниот настан по повод одбележување на 78 години постоење на Црвениот крст на Република Македонија кој годинава е посветен на хуманоста и солидарноста со настраданото население во Турција и Сирија.

Турскиот амбасадор во земјава Хасан Мехмет Секизќок му се заблагодари на македонскиот народ.

Обединети во едно срце, јавните институци, невладиниот сектор, бизнис заедницата, образовните институции, млади и возрасни, сите помогнаа за настраданите од погодените региони. Не може да ги вратиме назад изгубените животи, но со сета можна сила ќе работиме на закрепнување на раните на оваа природна катастрофа. Одново ќе ги изградиме разурнатите градови и училишта, рече Секизќок.

На настанот се донираа средства од компанијата Алма М, со што се заокружи целта на настанот со вкупно 61.000.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Xитлеp би позавидел на геноцидните методи…

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска…

Најмалку осум лица загинаа, 11 се повредени…

Најмалку осум лица загинаа, а 11 други…

Уапсени 40 припадници на Исламска држава во…

Повеќе од 40 лица се приведени во…

Реки по улиците: Хаос и поплави во…

Турскиот главен град Анкара синоќа беше погоден…

Официјално: ТУРЦИЈА ОДОБРИ ЕКСТРАДИЦИЈА НА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ!

Турција официјално ја одобри екстрадицијата на првоосомничениот…