Објавено на:

Бразилската армија купува вијагра и протези за пенис, никој не знае зошто

t

Конгресменот Елијаз Ваз, кој го разоткри купувањето на вијагра, рече дека Министерството за одбрана „одобрило купување на 60 протези за пенис“.

Министерството не одговори на барањето на AFP за коментар.

„Прашањето што се поставува е: Зошто владата на претседателот Жаир Болсонар троши јавни пари за да ги купи овие протези?“, напиша Ваз во писмото до AFP. Бразилците едвај можат да добијат лекови, а тој ќе почести некоја група луѓе со скапи протези.

Ваз рече дека Министерството набавило 60 „силиконски импланти“ по цена од 50.000 до 60.000 бразилски реали (помеѓу 10.000 и 12.000 евра) по парче. Вкупниот трошок е нешто помалку од пет милиони. Тој рече дека информацијата доаѓа преку владиниот „портал за транспарентност“ каде што може да се види за што се трошат јавните пари.

Армијата остро критикувана

Конгресменот рече дека ќе го проследи случајот до федералните обвинители. Војската наиде на жестоки критики во понеделникот, откако Ваз откри дека набавила 35.000 парчиња од „малата сина пилула“, или вијагра, што предизвика експлозија од шеги на социјалните мрежи.

Нарачката се однесува на силденафил, активната состојка на вијаграта. Одделот за одбрана соопшти дека апчињата служат за „лекување на пациенти со пулмонална артериска хипертензија“, вид на зголемување на крвниот притисок.

Но, тоа објаснување не го потресе духот на корисниците на социјалните мрежи. „Сега ми е јасно зошто воената поддршка за Болсонаро расте сè повеќе и повеќе“, се пошегува еден твитерџија на сметка на блиската поврзаност меѓу десничарскиот претседател и армијата. „Велат дека со овие апчиња армијата уште повеќе ќе ја зајакне демократијата“, објави сатиричниот портал Sensacionalista.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Во преполната…

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со…

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…