Објавено на:

Бразилскиот претседател ја советува Украина: Откажете се од Крим

t

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва предложи Украина да и го отстапи полуостровот Крим на Русија за да стави крај на војната, нагласувајќи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „не може да бара сè“.

– Шефот на руската држава Владимир Путин не може да ја заземе територијата на Украина. Веројатно може да се разговара за прашањето за Крим, тој треба да ги преиспита работите. Ниту Зеленски не може да бара сè … На светот му треба смиреност … Мора да најдеме решение, истакна Лула.

На крајот на јануари Лула излезе со сè уште нејасен предлог за посредување во конфликтот во Украина од страна на група земји. Следната недела бразилскиот претседател треба да му го претстави својот проект на кинескиот колега Си Џинпинг во Пекинг.

Шефот на бразилската држава изјави дека е „уверен“ во шансите за успех на овој проект и се надева дека оваа група на земји ќе се формира по неговото враќање од Кина.

Главниот советник за надворешна политика на Лула, Селсо Аморим, на крајот на март во Москва се состана со Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кој се очекува да пристигне во Бразил на 17 април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…

Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…

Полска ги предупреди европските сојузници дека во…