Браќа од Молдавија ќе го судат клучниот меч на Македонија со Гвинеја

t

Maкедонија попладнево го игра најважниот натпревар од досегашниот дел на Светското ракометно првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.

Наш последен противник во првата групна фаза ќе биде селекцијата на Гвинеја, а Светската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите кој што се игра во Вараждин.

За првпат на овој собир на Македонија нема да ѝ судат арбитри од Скандинавија, откако на центарот на средбата со Гвинеја ќе застанат браќата од Молдавија Игор и Алексеј Ковалчук.

Во првото коло против Унгарија делегирани беа судии од Шведска, додека во второто со Холандија ни судеа Данците Хансен и Мадсен.

Извор: Гол мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…