Објавено на:

Брдароски: Арапските судии не’ оштетија во последните моменти од натпреварот

t

Денес фудбалската репрезентација на Македонија беше поразена во Абу Даби од 1:0 од Саудиска Арабија, меѓутоа , како што нагласија и репрезентативците, треба да се спомене и „домаќинското“ судење на арбитрите од ОАЕ.

Во самата завршница судиите не досудија два чисти пенали што можеа комплетно да го променат резултатот. Прво Стојановски беше непрописно блокиран и влечен од домашен фудбалер, а потоа еден од домашните фудбалери очигледно играше со рака на гол линијата (одбрана).  Владица Брдаровски смета дека Македонија одиграла еден добар натпревар и незаслужено била поразена.

– „Штета што претрпевме незаслужен пораз. Арапските судии не отштетија во последните моментни со недосуден пенал. Примивме евтин гол и не заслуживме пораз. Покажавме дека играме добар фудбал и тоа против селекција што ќе игра на Светското првенство во Катар и можеме да очекуваме убава иднина за македонскиот фудбал“, рече репрезентативецот Брдароски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…